Ваков Роналдо не ѝ треба на Португалија – промаши чист зицер! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија вечерва го игра последниот натпревар пред почетокот на Светското првенство и тоа против репрезентацијата на Нигерија, а во почетните минути од овој дуел не се прослави Кристијано Роналдо.

Португалецот за кого ова ќе биде шести Мундијал имаше идеална шанса да го совлада голманот на Нигерија излегувајќи „еден на еден“, меѓутоа со лоша завршница ја испрати топката покрај голот.