Страшно невреме го одложи почетокот на генералката на Англија пред СП (ВИДЕО)

Светското првенство во фудбал ќе почне утре, а првите проблеми со временските услови почнаа со генералната на Англија против Костарика.

Фудбалерите на Англија и Костарика требаше да одиграат пријателски натпревар во Орландо, на стадионот „Кемпинг Ворлд“, кој беше закажан за 22-00 часот.

Сепак, големо невреме со силен ветер и гремжи го одложи почетокот и според најавите дуелот треба да почне во 23:00 часот, ако нема нови проблеми.