Куманово се засили со репрезентативец од Пелистер!

Eкипата на Куманово за наредната сезона ќе биде посилна со репрезентативецот Бобан Стајиќ кој пристигнува од Пелистер. 

За Стајиќ ова е враќање во градот каде што помина речиси една сезона во 2018 година пред да се пресели во Работнички, а дресот на Пелистер го носеше во претходните две сезони.

Стајиќ во изминатата сезона беше еден од носителите на играта на Пелистер, меѓутоа во Битола во тек е фаза на реорганизација, па така Куманово ја искористи ситуацијата.

Се очекува репрезентативецот наредната сезона да биде големо засилување за тимот предводен од Марин Докузовски. За Пелистер во изминатата сезона Стајиќ одигра 31 натпревар во кој имаше просек од  9,4 поени, 5,6 асистенции и 2,9 скока и индекс 11.