Не е ВАР за секого: На екран наместо спорен момент се појави - паркинг (ВИДЕО)

Многу лиги ширум светот решија да воведат ВАР-систем за да го подобрат квалитетот на фудбалот. Сепак, многумина се спротиставија на технологијата, зашто во одредени моменти предизвика многу контроверзи.

На мечот од 10. коло во израелскиот шампионат меѓу Макаби Хаифа и Беитар Ерусалим беше забележана бизарна ситуација, кога главниот судија сакаше да погледне еден спорен момент.

Мечот беше во судиското надополнување, а фудбалерот на гостите во својот казнен простор играше со рака, па судијата побара помош од ВАР-технологијата, а на екранот го пречека неочекувана сцена од паркингот на стадионот.

По некое време екранот се врати во нормала, па судијата можеше да ја погледне спорната ситуација и на крајот да покаже на белата точка.