
Меси го израмни хет-трик рекордот на Роналдо, но тој на Португалецот и натаму е поимпресивен
Прво погоди од пенал, а потоа постигна уште два гола директно од слободен удар. За Меси тоа беше 34-ти хет-трик во кариерата во рамки на Ла Лига со што го израмни рекордот на Кристијано Роналдо.
Сепак, рекордот на Португалецот и натаму има поголема вредност, бидејќи до 34-ти хет-трика во шпанското првенство стигна за девет години, за разлика од Меси на кој му требаа 15 години.
За Меси тоа беше вкупно 52-ри хет-трик во кариерата во сите конкуренции, додека Роналдо има 54.