Ждрепката за ЕП - најчудна досега, три репрезентации веќе си ги знаат групите!

Во квалификациите на Евроспкото првенство во 2020 година учествуваат 55 репрезентации, а вкупно 24 од нив ќе обезбедат билет за големиот континентален собир. Дваесет селекции ќе обезбедат пласман преку овие квалификации, додека останатите четири репрезентации ќе се пласираат преку Лигата на нации.

До крајот на квалификациите останува уште еден прозорец, оној во ноември, па некои репрезентации ќе играат еден меч, додека други два натпревара.

Во секој случај, ЕВРО 2020 ќе биде едно од најнеобичните големи спортски натпреварувања во поновата историја бидејќи 24-те најдобри екипи на Стариот континент ќе се натпреваруваат во дури 12 држави, од Ирска до Азербејџан.

Пред седум години, Платини донесе одлука со која предизвика хаос. Тоа е одлука со која беше одбележана 60-годишнината од првото Европско првенство, но тогашниот фронтмен на УЕФА и иницијатор на акцијата, Мишел Платини, очигледно не сметаше на многу компликации и нелогичности на системот.

Поради бизарноста на овој систем, Италија веќе ги има сите датуми на нивните натпревари во групата, а Русија и Шпанија дознаа во кои групи ќе се натпреваруваат.

Имено, поради фактот што ЕП е поделено на 12 земји домаќини, УЕФА донесе одлука секоја од шесте групи да се игра во два града. Така, натпреварите од групата А ќе се играат во Рим и Баку, додека, да речеме, домаќини на групата Ф ќе бидат Минхен и Будимпешта.

УЕФА, исто така, одлучи дека секоја селекција која е домаќин на ЕП автоматски ќе игра во нивниот град. Бидејќи Италија се пласираше, таа автоматски се квалификуваше во групата А и ќе игра на римски „Олимпико“.

Италија знае дека сите три натпревари во групата ќе ги игра во Рим. Оддруга страна Русија ќе игра во групата Б, а град домаќин ќе биде Санкт Петербург. За разлика од нив, Шпанија, која синоќа обезбеди пласман, знае дека ќе ги игра своите натпревари во Билбао. Треба да се напомене дека Украина сигурно нема да игра во групата Б, заради воените конфликти и политичката состојба помеѓу двете земји.

Италија дури знае дека тие ќе бидат на позицијата А1 на ждрепката, ќе ги одиграат сите три натпревари на „Олимпико“ и ќе го отворат ЕУРО на 12 јуни 2020 година. Причината е што другиот домаќин на групата А, Азербејџан, останува без можност да се пласира директно на завршниот турнир.

Домаќин на групата Б, освен Санкт Петербург, е Копенхаген (Данска), што значи дека Русите ќе ги играат сите три натпревари од групната фаза дома по два услови - Данска не смее да се квалификува директно (квалификациите преку бараж не носат предност во однос на квалификациите по директен пат) или ако Данска се квалификува директно, со ждрепка ќе се одлучи дали Русија ќе биде домаќин на овој дуел.

Во иста ваква ситуација е и селекцијата на Шпанија. Натпреварите од групата Е се играат во Даблин и во Билбао, па за да останат јасни работите, треба да почекаме до крајот на квалификациите и да видиме дали Ирска директно ќе се квалификува. Доколку Ирците одат директно на ЕП, со ждрепка ќе се одлучи дали мечот Ирска - Шпанија ќе се игра во Даблин или Билбао.

Домаќини се и Романија и Унгарија, но тие се во тешка ситуација и шансите за пласман се минимални. Шкотска може да се квалификува само преку бараж, додека Азербејџанците имаат шанса да се пласираат преку дополнителните квалификации само доколку дојде до некоја промена во последните две квалификациски меча.

Ако се пласираат, а 99 проценти е возможно тоа да се случи, Холандија ќе биде во групата Ц, Англија во групата Д и Германија во групата Ф.