Дали знаете што се случуваше во светот кога Милан последен пат го победи(л) Интер? (ФОТО)
Навивачите на „нероазурите“ имаа посебна причина за задоволство пред и по дербито „Де ла Мадонина“, пред сѐ поради тоа што нивните миленици славеа против едни од најомразените тимови - градскиот ривал од Милано.
Но, интересен трол пред натпреварот напишаа навивачите на Интер од Македонија - Дали знаете што се случуваше во светот кога Милан последен пат го победил Интер?
Поминаа точно 1329 дена од кога Милан последно го победил Интер. Тогаш мислевме дека Џон Сноу е мртов, Обама е претседател на Америка, Германија се светски шампиони, Ајфон 6 е најнов модел.... , пишува меѓу другото во тролот на македонските фанови на калчогигантот.