
Адам Пити е нов светски рекордер на 100 метри градно (ВИДЕО)
Времето кое го исплива во полуфиналето на Светското првенство во Гванжу е 56.88 секунди. Со тоа го подобри сопствениот рекорд поставен минатата година во Шкотска, кој изнесуваше 57.10 секунди.
Чувството е неверојатно, изјави Пити по трката.
Пити е и актуелен олимписки шампион и е непоразен на оваа делница во последниве пет години.