
Милан преговара со Алегри - парите се проблем!
Новиот спортски директор на „росонерите“, Игли Таре, веднаш тргна во мисија за враќање на Италијанецот на „Сан Сиро“ и според информациите му понудил договор на три години вреден 10.5 милиони евра. Но, како што пренесуваат италијанските медиуми тоа за Алегри не било доволно и тој сака 15 милиони евра фиксна плата, плус дополнителни бонуси.
Алегри со Милан го освои Скудетото во 2011 година и сега во клубот сметаат дека е идеална опција за враќање на победничките патеки. Сепак во игра е и Наполи кој исто така преговара со Италијанецот.
Алегри сака што поскоро да има јасна слика околу својата иднина, а одлуката би сакал да ја донесе до крајот на оваа седмица. Милан, пак, мора да реагира брзо и да понуи повеќе пари ако сака да го убеди.
Фото: Juventus FC/X