Ѓоковиќ ќе игра во незгоден термин за осминафинале на Ролан Гарос!

Организаторите на Ролан Гарос не му ја исполнија желбата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ да игра во специјален термин и објавија дека мечот од третото коло против Филип Мишолиќ ќе го игра по 20.15 часот.

Ѓоковиќ сакал да игра порано во текот на денот затоа што имал намера да го гледа финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Интер и ПСЖ, меѓутоа организаторите имале поинакви планови.

Србинот на прес-конференцијата по победата во второто коло кажа дека во финалето на ЛШ ќе навива за ПСЖ кој ќе игра против Интер.

Фото: EPA PHOTO