Ливерпул плати 35 милиони евра за засилување од Бундеслигата (ФОТО)

Англискиот шампион Ливерпул го потврди најновото засилување за следната сезона, кое доаѓа од Баер Леверкузен, а станува збор за Жереми Фримпонг.

Фримпонг претходно договори повеќегодишна соработка, а денеска беше промовиран во просториите на тренинг-центарот на „црвените“.

„Немаше проблеми во преговорите, Ливерпул ми се јави и ми кажа дека се заинтересирани за мене, потоа сè беше лесно. Им ветувам на навивачите дека ќе дадам сè од себе“, кажа Фримпонг.

Десниот бек настапи на 48 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна пет голови и 12 асистенции.