
Тер Штеген пред заминување од Барселона, но причина не е Шчесни
Наводно управата на клубот предводена од Жоан Лапорта не го гледа 32-годишниот чувар на мрежата како дел од иднината на каталонскиот гигант.
Тер Штеген минатото лето заокружи деценија во дресот на Барселона, а по заминувањето на Серхио Роберто јадоби и капитенската лента, со надеж дека неговото искуство ќе биде од клучно значење за тимот на Ханси Флик.
Но, работите тргнаа во друг правец. Повреда на стартот од сезоната ја натера Барселона да го доведе Војчех Шченсни како замена, иако полскиот ветеран кој се врати од пензија не е главната причина за (не)очекуваниот раскин на соработката со Германецот.
Главниот план на каталонскиот клуб, според „АС“, е идната сезона прва голманска опција да биде младиот Жоан Гарсија, за кого се интересираат бројни европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид, додека Шченсни би останал како сигурна резерва.
Во такви услови, Тер Штеген би паднал на третата позиција, што е апсурдно ако се земе предвид дека има важечки договор и ја носи капитенската лента.
Со оглед на ситуацијата, заминувањето станува се поизвесно, иако до истекот на неговиот договор има уште три години. Сега се поставува прашањето кој клуб би можел да го доведе, имајќи предвид дека Барселона нема да го пушти без оштета.
Сепак, олеснителна околност може да биде желбата на Тер Штеген да настапи на Светското првенство следната година, па минутажата ќе му биде приоритет, дури и по цена да се пресели во нов клуб со помали амбиции каде што сигурно би бил прв избор.
Фото: Barcelona/X