Македонија подобра од Косово: Ќе игра за 5.место на ЕХФ шампионатот
Со оваа победа нашите ракометарки си обезбедија натпревар за 5.место на турнирот и тоа против селекцијата на Фарски Острови, која пак беше подобра од Грузија со 31-21.
Имавме потешкотии со противникот, кој на полувремето имаше водство од 14-12, но во вториот дел се изборивме за триумф. Седлоска со 8 голови беше најефикасна во нашиот табор, пет постигна Динарица, Божиноска и Смајлоска имаа по четири голови.
Во таборот на Косово, Реџепи одигра неверојатен натпревар и постигна 18 голови.
Натпреварот против Фарски Острови за 5.место го играме со почеток во 12 часот.