Симеоне со засилување од Тотнем го комплетира ремонтот на одбраната на Атлетико

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне гради моќна екипа за следната сезона, па последното засилување во одбраната треба да пристигне од Лондон.

Симеоне ќе го добие фудбалерот, кој импресионираше на минатиот Мундијал, Кјеран Трипие кој ќе го чини 35 милиони евра.

Англичанецот треба да го преземе местото на Хуанфран во екипата, па така ќе заврши ремонтот во одбраната на шпанскиот тим.