Ливерпул славеше кај Лестер: Варди не реализираше пенал за реми (ВИДЕО)
„Црвените“ дојдоа до триумф од 2-3 и стигна до првата победа по пост од два натпревари. Џејми Варди е трагичарот на Лестер, бидејќи утна пенал за израмнување, односно Симон Мињоле му го одбрани ударот од белата точка. За голманот на Ливерпул ова беше седми одбранет пенал откако е дојден во Премиерлигата и моментално има највеќе од сите останати голмани во англиската елитна лига. За одбележување од овој натпревар е и прекрасниот гол на Филипе Кутињо од слободен удар.