Работнички ги почна подготовките со новиот тренер Влахо (ФОТО)

Работнички ги почна подготовките за следната сезона во македонската Прва лига, а во таборот на „романтичарите“ е поставен нов тренер Александар Влахо, со кој ќе се обидат да изборат излез во Европа.

„Романтичарите“ досега ги ангажираа Хјунг-Јон Ли, Дамјан Шишковски и Филип Стојчевски, а се очекуваат уште неколку нови имиња во тимот на дебармаалци.

Фудбалерите на Работнички подготовките ќе ги имаат во Скопје, по што потоа ќе заминат во Бугарија.