ФИБА го спречи Олимпијакос во намерата да влезе во АБА-лигата

Олимпијакос нема да игра следната сезона во АБА-лигата поради преполниот календар и Олимписките игри.

Поради најголемото светско спортско случување, АБА-лигата мора да заврши порано, па поради календарот на натпреварувања нема да има проширување на лигата.

Евентуалното приклучување на Олимпијакос во АБА-лигата ќе значеше дека сите домашни шампионати во земјата на бивша Југославија ќе мораа да завршат подоцна, а тоа е невозможно во сезоната 2019/20, зашто ФИБА побара сите натпреварувања да завршат најдоцна до 12 јуни.