Лондончани бесни на УЕФА: Ливерпул во суперлуксузна соблекувална, а Тотнем во – просечна!?

Англиските Ливерпул и Тотнем ќе се судрат на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид во финалето во Лигата на шампионите, но три недели до спектакуларниот дуел во ЛШ, од Лондон гневно реагираа на одлуката на УЕФА за распределба на соблекувалните на мечот.

Од Лондон се побунија зашто Ливерпул, кој е гостин на мечот ја добил суперлуксузната домашна соблекувална на Атлетико Мадрид, за разлика од „домаќнинот“ на финалето Тотнем, кој ќе мора да се смести во просечна соблекувална на суперлуксузниот мадридски фудбалски храм кој пред повеќе од една година беше пуштен во употреба.

УЕФА за оваа одлука се правда дека е донесена врз база на безбедносните проценки и договор поради навивачите. Влезот за луксузната соблекувална е од делот каде ќе бидат сместени навивачите на Ливерпул, а на другата страна е соблекувалната каде ќе се навивачите на Тотнем. Така би се избегнале евентуални непријатности, па и можни „напади“ на автобусите, ако би било спротивно.