Перез: Што ќе ни е нов напаѓач кога го имаме најдобриот на светот?!
Перез е свесен дека уште пред неколку години се очекува на „Сантијаго Бернабе“ да пристигне „деветка“ која ќе ги задоволи вкусовите на нивните навивачи.
„ Нема да трошиме само, колку да се рече дека трошиме. Цело време читам и слушам дека Реал мадрид треба да доведе класичен напаѓач, но реалноста покажува дека Карим Бензема е најдобриот напаѓач на светот. Доведуваме млади и талентирани фудбалери, кој во иднина ќе бидат носители на играта. Како Винисиус Жуниор“, беше јасен претседателот на Реал.
Карим Бензема оваа година е најконстантиот играч во Реал Мадрид. Французинот е најдобриот стрелец за својот тим во Ла Лига со десет постигнати погодоци.