Линдзи Вон се прости со медал: Го дадов максимумот! (ФОТО)

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон денеска ја заврши кариерата, откако во последната трка на Светскиот алпски куп освои бронзен медал во спуст во Оре, Шведска.

Не успеа да ја заврши кариерата со златен медал бидејќи неверојатна денеска беше Илка Штухец, која беше побрза пред Корина Зутер и Американката Вон.

„Беше совршен ден за спуст. Дадов максимум и токму тоа сакав да го направам денеска. Морам да признаам дека бев нервозна и тоа како никогаш досега во животот. Сакав да завршам со уште подобар резултат, но тешко ми беше да ги контролирам нервите, а никогаш не сум имала проблем со тоа. Само сум среќна што стигнав до целта. Моето момче и семејство се среќни“, кажа Американката.

Кога ја помина целта, Вон ги крена рацете и го прегрна легендарниот Ингемар Стенмарк, единствениот скијач со повеќе победи во Светскиот куп од неа. Американката има 34 години и победуваше во многу дисциплини, а спустот секогаш беше омилен за неа. Таа има 43 победи од 82 настапа во Светскиот куп токму во таа дисциплина.