„Адеми не оди никаде, освен ако дојде ептен – неморална понуда“

Откако во изминатите 30 часа италијанските медиуми најавија „римско дерби“ помеѓу Рома и Лацио за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, сепак од трансфер на Апенините веројатно нема да има ништо. Така барем најавува тренерот на „модрите“ - Ненад Бјелица.

Прво беше објавено дека Рома е силно загреана за Адеми, но сака да го купи за многу помала сума на пари од четири милиони евра, а Динамо летоска одби 6,5 милиони од француски Лил. Инаку според изјавите од „Максимир“, Адеми би можел да биде на продажба за понуда над седум милиони евра. После приказната за „волчицата“, брзо се појави приказна дека Лацио е силно заинтересиран и дека нема да штеди пари, па се споменуваа дури и 10 милиони евра за трансфер, а денеска излезе дека „орлите“ го сакаат и десниот репрезентативен бек Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон.

Но, веројатно од сите овие пишувања нема д аима ништо, зашто Бјелица вели – сè е измислено!

„Кој тоа пишува дека Аријан си оди? Италијански меидуми? Па може да пипуваат што сакаат, ама јас знам дека тој тешко дека ќе отиде некаде. Освен... Само ако дојде ептен неморална понуда после која ќе мора да се снаоѓаме“, вели Бјелица.

Инаку Адеми зимава одби неверојатно богата понуда од саудиски Ал Хилал според кој ќе заработувал 2,5 милиони евра годишно и на маса имал тригодишен договор. Хрватските медиуми уште по нова година објавија дека Адеми сака да ја доигра сезоната, сака да игра во првата европска пролет после 49 години за „модрите“, а на лето евентуално да си замине, ако стигне понуда што не се одбива од Западна Европа.