Страшниот Нурмагомедов се плаши само од еден човек на планетата! (ВИДЕО)
Откако малку се смири, во изјава пред новинарите, тој му се извини на организаторот и онака детски призна дека за овој инцидент сигурно ќе „изеде ќотек“ од својот татко по враќањето во Дагестан. А, Нурмагомедов сениор е приказна за себе, еден од најдобрите руски тренери во боречките дисциплини и најголемиот „виновник“ за шампионскиот од на синот. Тој не толерира недисциплина.
„Хабиб ќе претрпе големи санкции. За мене на прво место е дисциплината, а тој тоа го прекрши. Во октагонот нема прави што сака, али надвор од него мора да се однесува културно, дисциплинирано и пред сѐ достоинствено“, изјави Абдулманап Нурмагомедов.
Таткото на новиот УФЦ шампион е заслужен тренер на Русија и селектор во самбо, подготвувал многу борачи кои освојувале медали на светски и европски првенства.