Гвардиола ги шокираше сите: Реаловиот тим од 80-те е најдобриот што го видел во животот
Но, иако на прва сите ќе помислат дека Гвардиола ќе порача дека тимот со Лионел Меси во Барселона е најдобриот кој го гледал во својот живот, на такво прашање Каталонецот ги изненади сите, и во татковината и во светот. За него, најдобар фудбал играл Реал Мадрид од крајот на 80-те години од минатиот век.
„Најдобар тим кој воопшто сум го гледал? Тоа е реаловата „Квинта дел Бутре“ со Емилио Бутрагењо од крајот на осумдесетите години. Тие беа неверојатни“, рече Гвардиола.