
Џабе толкава еуфорија: Саутгејт откри дека капацитетот на тимот е - дотука!
Ама очигледно силата на Англичаните била дотука, дури и ова им било премногу. Селекторот Герет саутгејт призна дека и самите не очекувале дека може да стигнат до полуфинале на СП, а против Хрватска повеќе од чесен пораз во продолженија – не можеле!
„Реакцијата на навивачите е потврда дека дадовме сè од себе. За кратко време поминавме долг пат и стигнавме до таму каде што и самите не верувавме дека може да дојдеме. Во овој меч не бевме потполно 'внатре'. Ако направиме осврт, ќе видиме некои добри работи, но денеска беше тешко. Бевме многу блиску до тоа што сметавме дека ќе биде невозможно да се направи. Дадовме сè од сее. Ќе ги погледнеме уште еднаш головите и шансите, ама мислам дека повеќе од ова не можевме“, рекол Саутгејт.