
Таткото на Јамал за навредите кон неговиот син: Навивачите на Барса тоа не го прават
Таткото на Јамал вели дека неговиот син не сака да се споредува со фудбалери како Меси, Пеле и Марадона, но и се пожали на критиките кои ги добива неговиот син.
„Мораме да оддадеме признание кога на 17 години има веќе 100 настапи за клуб како Барселона. Треба да му се честита, а не да приговараме дали игра за еден или друг клуб. Навивачите на Барселона не навредуваат ниту еден млад фудбалер на Реал или било кој друг клуб. Треба да ги почитувате сите млади таленти и да им помогнете да станат уште подобри“, изјави Насрауи за „Ел Чирингуито“.
Патникот во финалето од ова полуфинале ќе се решава во вторник кога од 21:00 часот Барселона ќе гостува во Милано.
Фото: FC Barcelona/X