Серијата меѓу Клиперс и Денвер достигнува кулминација - ќе се игра „мајсторка“ (ВИДЕО)

Денвер Нагетс ја испушти првата меч-топка во серијата од првата рунда на плејофот против Лос Анџелес Клиперс откако ноќеска загуби во шестиот меч.

Тимот од Калифорнија славеше со 111-105, па целата серија на овие две екипи ќе се решава во последните 48 минути в сабота навечер. Победникот на овој натпревар беше решен во третата четвртина во која Клиперс направија предност од 15 разлика (88-73) која потоа умешно ја задржаа до крајот. Денвер успеа во финишот да се доближи на -5, но немаше време да се загрози победата на домашниот тим.

Ветеранот Џејмс Харден одигра одличен натпревар, постигна 28 поени со 8 асистенции и 6 скока, а се истакна и Ленард со 27 поени и 10 скока. Кај Денвер, најефикасен беше Никола Јокиќ кој постигна 25 поени, 7 скока и 8 асистенции.

Место во втората рунда од плејофот обезбеди Њујорк Никс кој го победи Денвер како гостин со 116-113 и со вкупно 4-2 ја заврши серијата. Следен противник на Никс ќе биде актуелниот шампион Бостон Селтикс.