
ПСЖ без најдобриот фудбалер ќе брка финале на ЛШ против Арсенал?!
Од францускиот клуб потврдија дека Дембеле има истегнување на задната ложа на десната нога, потенцирајќи дека закрепнувањето оди добро, но наскоро ќе се направи нова медицинска проценка за да се утврди дали ќе може да настапи. Тој беше стрелец на единствениот гол во првиот натпревар, со што му донесе минимална победа на ПСЖ, а со тоа и значителна предност пред реваншот, кој ќе се одигра в среда на „Паркот на принцовите“.
Дембеле сезонава игра во врвна форма. Во француската Лига 1 има одиграно 28 натпревари и постигнато 21 гол, што го прави најдобар стрелец во лигата, додека во ЛШ има 13 настапи, осум голови и три асистенции. ПСЖ веќе ја обезбеди титулата во француското првенство, па целиот фокус е насочен кон ЛШ, каде што клубот се надева на второ финале во својата историја и прва титула во елитното европско натпреварување.
ФОТО: EPA PHOTO