Власиќ донесе бод за Торино и ја остави Венција во опасната зона (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од 25. коло во Серија А екипите на Торино и Венеција ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1.

Мрежата на Торино се тресеше уште во петтата минутаа кога погоди Зербин, но овој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Венеција сепак стигна до водство во 36. минута кога стрелаше Перез. Тоа беше и единствениот погодок во првите 45 минути.

Бодот за Торино го обезбеди Никола Власиќ кој беше прецизен од белата точка на 15-тина минути пред крајот од натпреварот.

Торино на три кола пред крајот на сезоната е безбедна на средина од табелата со 44 бода, додека Венеција е во опасната зона со 26 бода со бод помалку од Лече кој е прв над цртата.

Фото: Torino Football Club/FB