Антонели најбрз во квалификациите за спринтот во Мајами! (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред спринт-трката која се вози во рамки на Големата награда на Мајами.

Антонели ги изненади сите во Мајами и успеа зад себе да ги остави Оскар Пјастри и Ландо Норис од Мекларен.

„Се чувствував добро од самиот почеток, исто беше и во квалификациите. Среќен сум што стигнав до пол-позиција“, кажа Антонели.