Жесус доби отказ: Ал-Хилал сака да го ангажира Чави

Ал-Хилал го прекина договорот со Жорж Жесус откако екипата загуби од Ал-Ахли во полуфиналето на азиската Лига на шампиони, а како негов наследник се споменува Чави.

Саудискиот тим веднаш тргна во потрага по звучно име, а Чави е слободен и најверојатно ќе стане новиот тренер на Ал-Хилал, кој во моментов е на втората позиција со 62 бода.

Жесус, од друга страна, се очекува да го преземе кормилото на бразилската репрезентација, откако „кариоките“ претходно не се договорија со Карло Анчелоти.