Баерн Минхен подготви понуда од 250 милиони евра за Вирц!?

Еден од најталентираните фудбалери во Европа, Флоријан Вирц најверојатно на лето ќе го напушти Баер Леверкузен, а како негова следна дестинација се споменува Баерн Минхен.

„Фармацевтите“ сакаат да го избегнат тоа сценарио за да не го засилат големиот ривал, меѓутоа Баерн подготвил понуда каква што тимот од Леверкузен не би можел да одбие.

Германските медиуми пишуваат дека во игра се наводно 250 милиони евра, од кои 125 милиони евра за трансфер, а другиот дел се наменети за петгодишен договор за Вирц.

Доколку се реализира трансферот, Вирц ќе стане најплатен фудбалер на Баерн заедно со Хари Кејн, а зад себе ќе ги остави Џошуа Кимих, Лирој Сане, Џамал Мусиала и останатите.

Фото: X/Bayer 04 Leverkusen