
Масовна тепачка на „Торцида“ и „Бед Блу Бојс“ во Сплит (ВИДЕО)
„Слободна Далмација“ објави дека пресметката била договорена меѓу „Торцида“ и „Бед Блу Бојс“, а во неа учествувале околу 200 лица.
Полицијата потврди дека се случил инцидент околу 9.15 часот, но веднаш реагирале за да спречат поголем хаос.
Вечното дерби меѓу Хајдук и Динамо е закажано за денеска од 16 часот. Тимот од Сплит е на делба на првата позиција со Риека и има 56 бодови, додека екипата од Загреб има 55 поени по 32 одиграни кола.