Сабицер со гол од слободен удар го израдува Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше во пресметката со Вердер Бремен (3-2) во борбата за осминафинале во Купот на Германија.

„Милионерите“ тргнаа со два погодоци преку Гираси и Чуквуемека (2-0), а предноста од 2-0 ја одржуваа до крајот на првото полувреме.

Вердер почна да се буди во вториот дел, а Фулкруг со два погодоци во 65. и 68. минута ја анулира негативата.

Во самата завршница на сцената стапи Сабицер, кој со прекрасен удар од слободен удар ги постави конечните 3-2.

Претходно Борусија Менхенгладбах го совлада Калсруе со 2-0, Ајнтрахт Франкфурт славеше против ХСВ со 3-1, а Лајпциг го реши Есен со 2-1.

Фото: Facebook/Borussia Dortmund