Лацио го декласира Сасуоло за петти триумф по ред во лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио ја продолжија победничката серија во Серија А, откако денеска триумфира над Сасуоло со 6-2 во деветтото коло од италијанскиот шампионат.

Почетокот на натпреварот понуди големи возбудувања и дури четири погодоци. Најпрво Тејлор погоди за предност на Лацио, а потоа Сасуоло израмни на 1-1 до седмата минута.

Исаксен и Флоријани во рок од неколку минути повторно ја тресеа мрежата на Сасуоло (3-1), а до крајот на првиот дел Еспозито погоди за домаќинот, додека Закањи ја затресе мрежата на противникот за 4-2.

Второто полувреме продолжи во идентично темпо, а Лацио постигна уште два погодоци преку Нослин, иако имаше и два пенали кои не беа реализирани од Закањи и Фратези.

Лацио е лидер во Серија А со 25 бодови, односно три поени повеќе од Интер.

Фото: Facebook/S.S. Lazio