Ништо ново во Аеродром: МЗТ парираше едно полувреме, па четврти пат загуби во ФИБА Еврокупот (ФОТО)
МЗТ го отвори мечот со 7-0, но потоа следеше пад во играта и АЕК направи целосен пресврт (9-7). Големата борба продолжи до крајот на првата четвртина, која му припадна на кипарскиот тим со 23-20.
Втората четвртина донесе нови возбудувања, но и водство за МЗТ Скопје од 35-32. Сепак, АЕК го сврте резултатот во своја корист и на паузата замина со 49-42.
Аеродромци се распаднаа во вториот дел, додека АЕК играше сигурно во нападот и ја зголемуваше предноста (69-49). МЗТ не успеа да одговори до крајот на средбата, па на крајот се радуваше кипарскиот тим со 85-69.
Најефикасен во победничкиот тим беше Мајлс Тејт со 22 поени, три скокови и пет асистенции, додека Емир Крајиниќ запиша 17 поени и 12 скокови за МЗТ.


