Барселона ја доби казната за Алварез - ќе плати 602 евра!

Шпанската фудбалска федерација  ја казни Барселона со 602 евра по пријака на Атлетико Мадрид од каде што го обвинија каталонскиот клуб дека преговарал со Хулијан Алварез додека аргентинскиот напаѓач имал важечки договор со мадридскиот клуб.

Дисциплинската комисија ја затвори постапката што беше отворена по пријавата на Атлетико, а Барселона беше казнета според членот 133 од дисциплинскиот правилник. Тој се однесува на непочитување наредби, упатства, одлуки или обврски предвидени со правилникот, пренесуваат шпанските медиуми.

Контактите на Барселона со Алварез беа третирани како полесен прекршок. За ваквите прекршоци, правилникот предвидува парична казна до 602 евра, суспензија до два месеца или најмалку два натпревари, како и затворање на стадионот за најмногу еден натпревар.

Федерацијата се одлучи за парична казна, па Барселона ги избегна построгите санкции, како што се суспензии за функционери на клубот или делумно затворање на стадионот.