Не му беше сеедно: Реакцијата на Јамал кога Роналдо го изговори името на Кејн (ВИДЕО)

Хари Кејн вчера во Лондон ја освои „Златната топка“ за 2026 година, оставајќи ги зад себе Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Младиот Шпанец на крајот мораше да се задоволи со третото место, а Винсент Гарсија, главниот уредник на „Франс Фудбал“, кој ја доделува престижната награда, објасни дека Јамал останал без признанието поради поделбата на гласовите меѓу шпанските фудбалери.

Интересна беше и реакцијата на ѕвездата на Барселона за време на прогласувањето на победникот. Во моментите кога легендарниот Роналдо го изговори името на Кејн, тинејџерот не можеше да го сокрие разочарувањето.

Јамал минатата сезона одигра 57 натпревари за Барселона и шпанската репрезентација, постигнувајќи 25 голови и забележувајќи 22 асистенции.

Сезоната ја заврши со три големи трофеи, Светското првенство, титулата во Ла Лига и шпанскиот Суперкуп. Сепак, тоа не беше доволно за да се закити со најпрестижното индивидуално признание во светскиот фудбал.