Лудост во Германија: Навивачи ја забетонирале вратата на гостинската трибина! (ВИДЕО)

На стадионот „Хафенштрасе“ во Есен се случил инцидент пред натпреварот од второто коло на германскиот Куп меѓу Рот-Вајс Есен и РБ Лајпциг.

Германските медиуми пишуваат дека навивачите на Есен го блокирале влезот за гостинските навивачи со истурање бетон, испраќајќи ја пораката.

„Биковите мора да останат надвор“. Бетонот бил истурен во дрвена рамка што ги поврзува двете влезни врати, со што било оневозможено нивното отворање“, се наведува во извештаите.

Организаторите на натпреварот веднаш ангажирале локална градежна компанија за да го реши проблемот. Неколку часа пред натпреварот сè било во ред. Засега нема информации за приведени лица.

„Тоа беше краткотрајна непријатност. Проблемот беше решен во рок од два часа“, изјавил портпаролот на клубот за локалните медиуми.