Сензација во шпанскиот Куп: Нисколигаш во 121. минута го шокира Еспањол!
Гостите од Барселона поведоа во шестата минута преку Маркос Фернандез Санчез, но домашниот тим не се предаваше, па Адри Карион и Андони Угарте донесоа целосен пресврт (2-1).
Баскискиот тим делуваше дека може да ја зачува предноста, но Роберто Фернандез во 90. минута погоди за 2-2 и избори продолженија за Еспањол.
Еспањол во 96. минута повторно постигна гол за предност (3-2) преку Габриел Москардо, но само две минути подоцна Лака израмни на 3-3, а Јон Ројо во 121. минута ги постави конечните 4-3.
Фото: Facebook/Sestao River Club