Слот донесе конечна одлука: Позната е замената за Александер-Арнолд

Трент Александер-Арнолд на крајот на сезоната го напушта Ливерпул и ќе се пресели во Реал Мадрид, а премиерлигашот веќе има подготвено замена за него.

Англиските медиуми пишуваат дека Слот нема да купува ново засилување, туку ќе му даде повеќе шанса и одговорност на Конор Бредли.

Бредли оваа сезона настапи на 25 меча во сите натпреварувања, а најчесто влегуваше во игра од клупата за резервни играчи, но притоа успеа да запише три асистенции.

Ливерпул веќе ја освои титулата во Премиерлигата, и тоа на четири кола пред крајот на сезоната, па во следниот период ќе се насочи и кон потенцијални засилувања за иднината.