
Хјустон го совлада Голден Стејт и се избори за „мајсторка“ (ВИДЕО)
Гостите имаа предност во текот на целиот натпревар, а во последната четвртина направија серија од 17-5, по што „воините“ немаа сила да се вратат во натпреварот.
Фред Ванвилт со 29 поени, осум скокови и осум асистенции беше најефикасен во победничкиот тим, додека Стеф Кари постигна 29 поени за Голден Стејт.
„Воините“ имаа предност од 3-1 во партии и беа на чекор од пласман во полуфиналето на Западот, но не искористија две шанси, па сега во седмата средба во Тексас ги чека пеколна задача.
Фото: EPA PHOTO