Полсен во последната секунда не му дозволи на Баерн да слави титула (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен во последните секунди од натпреварот со Лајпциг останаа без победа во последните секунди против Лајпциг (3-3), а на тој начин ќе мораат да поечкаат барем едно коло за прослава на титулата.

Не започна натпреварот онака како што посакуваа избраниците на Компани и Лајпциг со два гола во 11-тата и 39-тата минута поведе со 2-0. Со преднст од два гола домаќините заминаа и на паузата.

Резултатски Баерн се врати во игра со голот на Ерик Дајер во 62 минута, а само 46 секунди подоцна веќе беше 2-2, стрелаше Олис.

По израмнувањето Баерн тргна офанзивно по целосен пресврт и по неколку пропуштени прилики Лерој Сане погоди во 83. минута за целосен пресврт. И кога сите се подготвуваа да започне славјето на 32. титула Полсен во последните секунди погоди за 3-3

Во последните две кола Баерн влегува со 76 бода, Леверкузен има 67 и натпревар помалку.

На останатите натпревари денеска најефикасно беше на средбата Менхегладбах - Хофенхајм која заврши без победник 4-4, Штутгарт со 0-1 го доби Сент Паули, додека Унион Берлин и Вердер ремизираа 2.2

Фото: RB Leipzig/X