
Динамо Загреб го победи Хајдук во Сплит и се качи на врвот!
Хрватското дерби овојпат покрај големото ривалство беше исклучително важно и во борбата за шампинската титула. Хајдук во мечот влезе со бод повеќе од Динамо, но по 90. минути работите на табелата се променија.
Резултатот беше отворен по шест минути игра во вториот дел кога Пјер-Габриел даде гол за водство на Динамо Загреб од 1-0.
Хајдук брзо одговори и со погодок на Ливаја пет минути подоцна го израмни резултатот на 1-1.
Гол серијата продолжи во 64. минута кога Куленовиќ ја врати предноста на Динамо Загреб, овојпат водство од 2-1.
Крај на сите надежи на Хајдук стави Сучиќ во судиското продолжение од мечот поставувајќи ги конечните 3-1 за Динамо Загреб.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, Александар Трајковски во 83. минута влезе во игра, но не му помогна на Хајдук да се спаси од пораз.
На три кола до крајот Динамо Загреб има 58 бода, Хајдук има 56, толку има и Риека која утре го игра својот меч, домаќин е на Горица и ако победи тие ќе избијат на врвот.
Фото: Динамо Загреб/фб