
Милан со неверојатен пресврт освои три бода во Џенова
Сите голови беа постигнати во второто полувреме, и тоа најпрво Џенова поведе со погодокот на Витиња во 61. минута, по што следеше неверојатен пресврт.
Милан преку Рафаел Леао израмни на 1-1 во 76. минута, а по 60 секунди падна и вториот гол во мрежата на Џенова, и тоа овој пат Френдруп си постигна автогол.
„Росонерите“ по 35 одиграни кола се наоѓаат на деветтото место со 57 бодови.
Фото: EPA PHOTO