Падна договор: Жоржињо го напушта Арсенал и се сели во Бразил

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо ја завршува својата авантура во Европа и заминува во Бразил на крајот на сезоната.

Жоржињо постигна договор со Фламенго, каде што ќе се пресели како слободен агент, а веќе со бразилската екипа потпиша договор до јуни 2028 година.

Искусниот фудбалер во кариерата играше за Верона, Наполи, Челси и Арсенал, а го носи и дресот на италијанската репрезентација.

ФОТО: EPA PHOTO