Попович по мозочниот удар: Повеќе не сум тренер, сега сум шеф (ВИДЕО)

Еден од најголемите тренери во историјата на НБА-лигата, Грег Попович официјално се повлече од кормилото на Сан Антонио спарс, откако неодамна доживеа мозочен удар.

Долгогодишниот асистент на Попович во Сан Антонио, Мич Џонсон сега добива нова улога, односно ќе биде главен тренер на екипата.

Попович ја потврди информацијата на прес-конференцијата за медиумите на која можеше да се забележи дека тешко се движи по мозочниот удар, но сè уште ја нема загубено смислата за хумор и на интересен начин ја претстави неговата нова функција.

„Повеќе не сум тренер, сега сум шеф“, кажа Попович, кој во иднина ќе работи како претседател на кошаркарски операции на екипата.