Париз по пауза од 46 години се врати во француската елита

Париз ФК вчера ремизира против Мартиг (1-1) во 33. коло и теоретски обезбеди враќање во француската елита каде што ќе се натпреварува од следната сезона.

Екипата ќе настапи во Лига 1 за првпат од сезоната 1978/79, а стадионот на Париз се наоѓа веднаш до „Паркот на принцовите“ на ПСЖ.

Газда на Париз е семејството Арно, односно најбогатиот маж во Европа, Бернар Арно кој планира големи инвестиции во клубот.

Фото: Paris FC