
Рајо со минимален триумф над Гетафе излезе од кризата
Фудбалерите на Рајо Ваљекано ја прекинаа црната серија од четири натпревари без победа во кои имаа и три порази откако вечерва минимално славеа над Гетафе.
Резултатот беше отворен по само седум минути игра кога погоду Лејун и тој гол на крајот се покажа како одлучувачки.
Со овој триумф Рајо остана во игра за место во Европа следната сезоан и со 44 бода се израмни со Осасуна која е осма, позиција која носи во Конференциската лига наредната сезона. Не е далеку и Слета на седмата со 46.
Фото: Rayo Vallecano/X