Ница го доби Ремс и ја продолжи битката за ЛШ

Екипата на Ница славеше минимална победа од 1-0 над Ремс и на тој начин продолжи да чекори кон место во Лигата на шампионите наредната сезона.

За победа на домаќините денеска им беше доволен само еден гол, а човек на одлука беше Сансон кој погоди во 15. минутата од средбата.

Во продолжение Ремс создаде повеќе прилики меѓутоа реализацијата изостана.

На табелата сега Ница има 57 бода на третата позиција зад Марсеј кој е на 58, додека Лил на четвртата е со бод помалку, а Монако петти со 55, но не се далеку ниту Лион и Стразбур со по 54 бода.

Фото: OGC Nice/FB