Дерби во Чаир: Вардар сака да ја искористи кризата кај Шкупи!

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар од 16 часот ќе го отвори 30. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете скопски екипи влегуваат во оваа средба во различна форма, односно чаирчани не знаат за триумф на последните осум меча, додека „црвено-црните“ не знае за проаз на претходните 10 натпревари.

Шкупи речиси заборави како изгледа триумф, со оглед на тоа дека последен пат го совлада Пелистер на почетокот на март, односно пред два месеци, додека Вардар запиша шест победи и четири ремија со што се вклучи во трката за средината на табелата.

Вардар по 29 одиграни меча во Првата лига се наоѓа на шестата позиција со 35 бодови, односно еден повеќе од Шкупи.

Останатите натпревари во македонската елита се играат утре од 16 часот.